А. Метаболен синдром – кратки информации
- Метаболниот синдром како клинички предизвик и сериозен здравствен проблем e во пораст, a во светот е поттикнат од урбанизацијата, интензивниот животен стил, седентарни животни навики и зголемена телесна тежина.
2.Метаболниот синдром се дефинира како меѓусебна поврзаност на физиолошки, биохемиски, клинички и метаболни фактори кои директно го зголемуваат ризикот од атеросклеротични кардиоваскуларни заболувања, дијабетес мелитус тип 2, мозочен удар, неалкохолно масно заболување на црниот дроб, полицистичен оваријален синдром и смртност од било која причина.
3.Преваленцата на Метаболниот синдром во светски рамки се движи од <10% до 84% во зависност од регионот, средината, урбана или рурална, пол, возраст, раса, етникум итн. Во принцип се смета дека 25% од возрасното светско население има Метаболeн синдром.
Повисокиот социоекономски статус, седентарниот животен стил и зголемениот body mass index (BMI) сигнификантно се поврзани со Метаболниот синдром.
Исто така начинот на исхрана, физичката (не)активност, пушењето, фамилијарната историја за дијабетес мелитус, образованието влијаат на преваленцата на Метаболниот синдром.
4.Метаболниот синдром е збир на повеќе фактори како што се: – инсулинска резистенција со зголемена гликемија на гладно (над 5.6 mmol/l),
– висцерална гојазност (≥88 cm кај жени и ≥102 cm кај мажи) или BMI
>30 kg/m2, – дислипидемија (зголемено ниво на триглицериди ≥8.3 mmol/l,
намалено ниво на HDL <2.2 mmol/l кај мажи и <2.8 mmol/l кај жени) – зголемен крвен притисок (систолен ≥130 mm Hg или дијастолен ≥ 85
mm Hg)
5.Метаболниот синдром го зголемува ризикот од појава на дијабетес мелитус тип 2 за пет пати, а за два пати се зголемува ризикот за развој на кардиоваскуларни заболувања во текот на следните 5-10 години. Исто така го зголемува ризикот за појава на неалкохолно масно заболување на црниот дроб.