Човечкиот хормон за раст- соматропин се произведува во хипофизата и контролира бројни телесни процеси. Тој игра централна улога во процесите на раст на децата и адолесцентите.
Eндокринолошките нарушувања, како недостаток на хормон за раст, бараат долгорочен третман. Третманите имаат најголем ефект врз здравјето на пациентите и можат да направат разлика во нивниот квалитет на живот.
Здравиот раст е важен елемент во детството.Нашата цел е да им помогнеме на децата со нарушување на растот да растат со слична стапка како кај здравите деца. Сепак, соматропинот исто така има важна улога и кај возрасните и влијае на различни метаболички и физиолошки процеси во организмот. Merck има развиенo уред за администрација на лековитата супстанција: easypod ™