ИНДИКАЦИИ

Деца и адолесценти

Пореметување во растот кај деца причинет од намалена секреција или непостоење на секреција на ендоген хормон за раст. 

Пореметување во раст кај девојчиња со гонадална дисгенеза (Тарнеров Синдром), потврдена преку хромозомна анализа. 

Пореметување во раст кај претпубертетски деца како резултат на хронична бубрежна слабост. 

Нарушување во растот (моментална висина SDS < -2.5 и прилагодена според родителите висина SDS< -1) кај ниски деца родени мали за гестациската возраст (SGA) со родилна тежина и/или должина под -2 SD, кои не успеле да достигнат висина ( HV SDS < 0 за време на последната година) до 4 годишна возраст или подоцна.

 

Возрасни

 Заместителна терапија кај возрасни со нагласен дефицит на хормон на раст кој е добиен како резултат на единечен динамски тест за утврдување на дефицитот.