Варус со гордост ја најавува својата соработка со Генекор Медикал С.А., лидер во молекуларната дијагностика, со цел обезбедување напредни решенија во прецизната медицина. Оваа стратешка алијанса е фокусирана на унапредување на грижата за онколошките пациенти преку воведување иновативен пристап во дијагнозата и третманот на малигните заболувања во нашата земја.
Со воведување на најсовремени молекуларни технологии, границите на сегашните научни и клинички практики се подигнуваат на повисоко ниво Овој стратешки сојуз е насочен кон унапредување на грижата за онколошките пациенти преку воведување иновативен пристап во дијагностиката и третманот на малигните заболувања.
Во рамките на оваа соработка, Варус и Генекор Медикал С.А. ќе ги здружат своите експертизи за да:
- Го подобрат раното откривање на малигните заболувања;
- Обезбедат алатки за индивидуализиран третман;
- Испорачаат ефективни и ефикасни здравствени решенија.
Соработката ќе биде насочена кон областа на онкологијата и ќе опфати:
- Молекуларен одговор на терапијата;
- Идентификација на наследни синдроми;
- Рано откривање на малигни заболувања;
- Фармакогеномика – геномска анализа на одговорот на фармакотерапијата;
- Научна поддршка и советување за генетски предиспозиции.
Ова партнерство претставува значаен чекор напред во унапредувањето на онколошката грижа и третман, овозможувајќи пристап до најсовремени молекуларни анализи кои значително ќе придонесат за подобри здравствени исходи кај пациентите. Варус и Генекор Медикал С.А. остануваат посветени на воведување иновативни и економски одржливи здравствени решенија за подобрување на квалитетот на животот на пациентите и обезбедување поефикасен третман.