Бизнис секторот Performance Materials, како дел од Merck е разновиден како боите на виножитото, односно нуди најразлични материјали секој со сопствена софицистицираност. Почнувајќи од течни кристали и OLED материјали за екрани, материјали за интегрирани кола, пигменти за обложување со различни ефекти и обоени пигменти за козметика па се до функционални материјали за различни енергетски решенија.

Merck е светска компанија и лидер во доменот за производство на течни кристали. Незапирлив во унапредувањето на технологијата за изработка на екрани/дисплеи, течните кристали се составни компоненти кои обезбедуваат подобра резолуција во смарт телефоните, лаптопите, ТВ екраните и компјутерите насекаде во светот. Merck со својата палета на производи на пазарот пласира водечки решенија и материјали, со што го интензивира развојот на различните компјутерски чипови и игра релевантна улога во развојот на овој тренд. Тој е глобален лидер во делот на производство на бисерни пигменти.

Бисерните пигменти се додаваат во боите за автомобили, во декоративните козметички производи и ефектот на луминисценција на материјали за обложување и пакување. Единствените физички карактеристики на Merck-овите функционални материјали се користат за апликации како антистатички облоги за под, ознаки на производите кои оневозможуваат нивно фалсификување или покриви кои рефлектираат топлина.

течни кристали 1
течни кристали 2
течни кристали 3