Кондуктометрите се инструменти кои ја мерат спроводливоста или отпорноста на даден раствор. Растворите имаат способност да спроведуваат електрицитет и таа способност се нарекува кондуктивност што е реципрочно на отпорност. Колку повеќе соли, бази или киселини има растворот тој има поголема спроводливост односно помала отпорност. 

Принципот на мерење се изведува со две електроди изолирани една од друга, поставени на точно определено растојание со точно определена површина. Односот на растојанието и површината ја даваат т.н. Константа на електрода или “Cell Constant”. Се поврзуваат на наизменичен напон и низ растворот протекува струја. Инструментот ја мери оваа струја и ја изразува спроводливоста во единица сименс на сантиметар [S/cm].

лабораторија калибрација кондуктометри