КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА​

мерк кардиоваскуларни болести

Терминот „кардиоваскуларна болест“ се однесува на низа проблеми со срцето и крвните садови. Некои од најчестите се:

  • Ангина пекторис: Болка во градите која е резултат на недоволна снабденост на срцето со кислород, вообичаен симптом на КАБ. –
  • Аритмија: Секоја промена во нормалниот ритам на чукање на срцето.
  • Хронична срцева слабост: срцето не може да пумпа доволно крв низ телото.
  • Коронарна артериска болест (КАБ): стеснување на артериите кои го снабдуваат срцето со крв. 
  • Срцев удар: Прекин на снабдувањето со крв во срцевиот мускул што е резултат на опструирани (блокирани) артерии.
  • Хипертензија (висок крвен притисок): Се појавува кога крвниот притисок е постојано покачен над препорачаните граници.
  • Мозочен удар: Оштетување на нервните клетки во мозокот предизвикано од недостаток на кислород.
  • Периферна васкуларна болест: стеснување на артериите кои водат подалеку од срцето, обично во нозете, долните дел од рацете или дланките.

Нездравиот животен стил ја зголемува можноста за развој на кардиоваскуларни заболувања. Некои од најголемите фактори на ризик се пушењето, дебелината, дијабетесот и недостаток на физичка активност. Кардиоваскуларните заболувања ќе останат сериозен здравствен проблем во наредните години. Варус, преку производите на Мерк, има за цел да помогне во намалувањето на нивното влијание.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ