ЗА ДИЈАБЕТЕСОТ

Дијабетес тип 2, денес претставува еден од најалармантните глобални предизвици во јавното здравство. Оваа хронична болест е одговорна за околу 4 милиони смртни случаи во 2017 година, а нејзината застапеност е се поголема и расте во насекаде во светот. Доколку продолжат актуелните трендови, Меѓународната федерација за дијабетес (МФД) проектира дека до 2045 година, 693 милиони луѓе ќе живеат со дијабетес тип 2, со што сериозно ќе бидат оптеретени здравствени ресурси и расходи во идниот период.
Инциденцата на дијабетес се очекува забрзано да расте во градовите на земји со ниски и средни приходи. Токму затоа, ние нудиме терапевтски решенија на многу луѓе кои живеат со дијабетес ширум светот, надградувајќи ги индикациите индикациите и пристапот до локални програми за соодветен третман.