глукофаж 500 мг

Glucophage® XR - Продолжено ослободување

оригиналниот метформин

Glucophage XR ® е таблета со продолжено ослободување, еднаш на ден, која е дизајнирана да го ослободува метформинот побавно и постепено. Оваа формулација се зема само еднаш дневно и по можност со вечерниот оброк.

ИНДИКАЦИИ

Намалување на ризикот или одложување на манифестација на тип 2 дијабетес мелитус кај возрасни, гојазни пациенти со предијабетес (IGT и/или IFG, и/или покачен HbA1C *)

  • Кај кои има висок ризик за развивање на тип 2 дијабетес мелитус и
  • Кај кои и покрај интензивни промени на животниот стил применети од 3 до 6 месеци, сеуште има прогресија кон тип 2 дијабетес мелитус

Третманот со Glucophage XR® мора да се базира на проценка на ризикот, која вклучува соодветни мерки на контрола на гликемијата и доказ за висок кардиоваскуларен ризик. Промените на животниот стил треба да се продолжат и откако ќе се започне третманот со метформин, освен доколку пациентот не е во можност да продолжи од медицински причини. 

*IGT = Imapired Glucose Tolerance – нарушена толеранција на глукоза 

*IFG = Impaired Fasting Glucose – нарушена глукоза на гладно 

Третман на Дијабетес мелитус тип 2 кај возрасни, а особено кај пациенти со прекумерна тежина, кога диетата и физичката активност не резултираат во соодветна контрола на гликемијата. Glucophage XR® може да се користи како монотерапија или во комбинација со други орални антидијабетици или со инсулин.