Ербитукс е индициран за терапија на пациенти со EGFR (рецептор на епидермален фактор на раст) експресирачки, RAS wild-type метастатски колоректален канцер.
- Во комбинација со иринотекан-базирана хемотерапија,
- Како терапија од прв ред во комбинација со FOLFOX
- Како единечна терапија кај пациенти кај кои терапијата со оксалиплатин и иринотекан била неуспешна, и кои се нетолерантни кон иринотекан.
Ербитукс е индициран за терапија на пациенти со канцер на сквамозните клетки на главата и вратот
- Во комбинација со терапија со зрачење за локално напредната болест
- Во комбинација со хемотерапија базирана на платина за рекурентна и/или метастатска болест