Спектрофотометријата е една од најкористените методи за квантитативна анализа на даден примерок раствор. Оваа метода се користи за одредување на концетрација на позната хемиска супстанца во примерокот. Секоја хемиска компонента апсорбира, емитува или рефлектира светлина на дадена бранова должина.
Спектрофотометрите се уреди кои ја мерат количината на фотоните (интензитетот на светлина) кои се апсорбираат од примерокот. Принципот на работа се состои од извор на светлина (лампа), од која емитуваната светлина се носочува (фокусира) во дифракциона решетка.
Дифракционата решетка ги одвојува различните бранови должини (бои на светлината) и преку селекторот на бранова должина се пропушта низ примерокот во детекторот. Детекторот ги мери трансмитансата (пропуштената светлина) и апсорбансата (апсорбираната светлина од примерокот). На крајот податокот се прикажува на дигитален дисплеј.
