ВАРУС ДООЕЛ ги исполнува барањата на меѓународно признатите стандарди за квалитет, кои се однесуваат на управувањето со квалитет, а тоа се потврдува и со редовните проверки на домашните и меѓународните законодавни инспекциски и сертификациони тела, како и проверки од страна на нашите купувачи и партнери. Во 2010 година ВАРУС се здоби со Сертификат за Системот за Менаџмент со Квалитет согласно стандардот ISO 9001 и во 2016 година ја акредитираше својата лабораторија за тестирање и калибрација согласно стандардот ISO 17025. Во 2019 година ВАРУС го сертифицираше Системот за Менаџмент на Животна Средина согласно стандардот ISO 14001 и Системот за Менаџмент со Безбедност и Здравје при Работа согласно стандардот ISO 45001. Сите ISO сертификати се издадени од страна на сертификационото тело G-CERTI.
ISO 9001
ISO 14001
ISO 45001
ISO 17025
Во ВАРУС целосно сме посветени кон достигнување на највисоките стандарди за квалитет, безбедност и одговорност за услугите и производите кои ги испорачуваме на нашите клиенти.
Ние испорачуваме производи и услуги што ќе ги исполнат или надминат барањата поставени од нашите потрошувачи и релевантните регулаторни тела. Ние ги почитуваме сите воспоставени правила, процедури, стандарди за квалитет и стандарди за безбедност. Ние сме одговорни за Квалитетот на нашата работа и го даваме најдоброто од нашите способности.