РН-метрите претставуваат инструменти кои ја мерат разликата на електричните потенцијали помеѓу две електроди, референтна и споредбена, со што се индицира на тоа дали растворот е базa или киселина, изразена во рН единца. Двете електроди се потопени во неутрални раствори електролити со познат број на водородни јони, најчесто 3М KCl.
Споредбената електрода е сместена до посебно изработена стаклена мембрана која реагира со водородните јони од мерениот раствор и генерира електричен потенцијал. Разликата на потенцијалите изразена преку Нернст-овата равенка го дава напонот, односно рН-вредноста на растворот.
