CHROMASTER HPLC

Chromaster HPLC системите постигнуваат нови граници во перформансите, издржливоста и леснотијата на употреба. Две перформансни можности што ја помагаат веродостојноста на податоците се: одлична повторливост што се должи на пумпата и семплирачката единица и одличната стабилност во комората за колоната и детекторот.

Заедно со едноставното и лесно ракување, Chromaster нуди и лесно одржување, што е важен дел кај овие уреди. Репутацијата на HITACHI за издржливоста и доверливоста на инструментите е задржана и во Chromaster моделот, кој е изработен од поцврсти материјали и по строгите стандарди за контрола на квалитет на HITACHI.

 

Пумпа:

Chromaster моделот има нов мод на работа за ниски притисоци со висока фреквенција (HFM – High Frequency Mode), кој користи двојна преклопувачка функција на пропорционите вентили. Овој мод на работа заедно со брзите информации во реално време на контролниот систем значајно го подобруваат протокот на примерокот и повторливоста на градиентот и ретенционите времиња.

 

Семплирачка единица (Autosampler):

Новиот адаптиран високо прецизен подвижен уред за шприц овозможува одлична прецизност на инјектираниот волумен. HITACHI ја има елиминирано појавата на заглавен волумен (dead volume) кој се јавува во патот низ семплирачката единица и кој може да предизвика “carry-over” и исто така во методите е додадено плакнење на надворешниот ѕид на иглата. Резултатот е точна и прецизна семплирачка единица со екстремно мал “carry-over”.

 

Комора за колона (Column Oven):

Блоковскиот тип функција на пред-греење базиран на пелтиер контролно греење и ладење испорачува симетричен и јасно чист облик на пикот. Комората може да регулира температури од 15℃ под амбиенталната до амбиентална +60℃ и може да смести најразлични колони.

 

Детектори:

HITACHI за моделот на Chromaster во својата програма ги има следните типови детектори кои покажуваат одлична издржливост и стабилност:

  • UV Detector
  • UV-Vis Detector
  • DAD – Diode Array Detector
  • Fluorescence Detector
  • RI – Refractive Index Detector
  • MS – Mass Spectrometer Detector