Мерк тироида инфо интернационална недела

Во 2008 година, Меѓународната федерација на тироидната жлезда во соработка со компанијата МERCK KGaA, Дармштад, Германија донесеува одлука за одбележување на „Меѓународна недела за свесност за тироидната жлезда“  во последната недела од месец мај, во текот на неделата за Светскиот ден на тироидната жлезда. Од тогаш, MERCK е горд поддржувач на иницијативата за подигнување на свесноста за тироидната жлезда, која е и поддржана од Европската асоцијација за тироидна жлезда (ЕТА), Американската асоцијација за тироидната жлезда (АТА), Латино-американското друштво за тироидната жлезда (ЛАТС), Здружението за тироидната жлезда во Азија и Океанија (AOTA), Кинеското друштво за ендокринологија (CSE) и Кинеското друштво за нуклеарна медицина (CSNM). 

Меѓународната недела за подигнување на свесноста за тироидната жлезда (ITAW), сега во својата 13-та година, беше создадена за да го потенцира штетното влијание што нарушувањата на тироидната жлезда го имаат врз квалитетот на животот на луѓето кога ќе останат недијагностицирани. Се смета дека околу 1,6 милијарди луѓе ширум светот се изложени на ризик, при што стотици милиони во моментот живеат со таква состојба на тироидната жлезда.1 До 60% од оние кои живеат со нарушување на тироидната жлезда се недијагностицирани, а луѓето можеби непотребно ќе се борат во секојдневниот живот без да ја знаат основната причина за нивните симптоми.2

Како и да е, откако ќе се дијагностицира, нарушувањата на тироидната жлезда се лекуваат3, а кампањата на ITAW се залага за подобрување на тестирањето и дијагностицирање на глобално ниво.

  1. Khan A, Khan MM, Akhtar S. Thyroid disorders, etiology and prevalence. J Med Sci 2002; 2: 89–94. Available at:http://www.scialert.net/fulltext/?doi=jms.2002.89.94&org=11 Last Accessed April 2020.
  2. American Thyroid Association. General Information/Press Room. Available at: https://www.thyroid.org/media-main/press-room/ Last accessed April 2020.
  3. American Thyroid Association. Hyperthyroidism. Available at: http://www.thyroid.org/wp-content/uploads/patients/brochures/ata-hyperthyroidism-brochure.pdf. Last accessed April 2020.