Неплодноста влијае на милиони парови ширум светот. Светската здравствена организација (СЗО) ја дефинира неплодноста како неуспех во постигнување на бременост после 12 месеци при редовен незаштитен сексуален однос. За жени над 35 години, една двојка треба да се јави на лекар после шест месеци од обидите за бременост.

Главна цел на Merck е зголемување на свесноста за неплодност и понатамошно подобрување на можностите за третман и лекување. Со нашето портфолио на лекови (хормонска терапија)за плодност,ние имаме за цел да им помогнеме на паровите да го исполнат сонот за родителство.

Merck e посветен на третманот на неплодност од развој на јајце клетка до рани фази на бременост. Ние сме маркет лидер на светскиот пазар во третманите на неплодност и единствената компанија која нуди рекомбинантни верзии на природните хормони.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ивф-1
ивф 2
ивф 3